На гала вечерта во Париз Лионел Меси вчера по осми пат ја освои „Златната топка“ и сега е дури со три пред својот долгогодишен ривал Кристијано Роналдо.
По церемонијата на прес-конференција пред новинарите, Меси освен за наградата зборуваше и за неговите планови за во иднина во кои е вклучена и Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот најави дека сигурно на некаков начин и во некаква улога ќе се врати во Барселона, меѓутоа тоа сигурно нема да биде како тренер.
„Еден ден сигурно ќе се вратам во Барселона на еден или друг начин. Сепак, тоа сигурно нема да биде како тренер. Сакам да бидам поврзан со клубот, Барселона е мој дом и сакам да живеам таму. Ми беше чудно кога си заминав, не сакав да го напуштам клубот, Барса секогаш ќе биде мојот дом“, изјави Меси.