Дома Фудбал Баерн го „блиндира“ Мусијала со нов договор

Баерн го „блиндира“ Мусијала со нов договор

Баерн Минхен не сака да се раздели со младата ѕвезда Џамил Мусијала и сака да го задржи во клубот до крајот на кариерата.

20-годишниот Мусијала се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа и за него силен интерес покажуваат многу клубови, пред се Реал Мадрид и Ливерпул.

Директорот на Баерн, Кристиан Дреесен изјави дека клубот сака да го задржи Мусијала до крајот на кариерата.

„Мусијала има договор со нас до 2026 година, тој е неверојатен играч со специјални квалитети. Тој знае што има во Баерн и ние сакаме да го задржиме што е можно подолого, до крајот на кариерата. Но двете страни не брзаме со новиот договор“, изјави Дреесен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв тест за футсалците: во Финска почнува битката со Шпанците во групата

Македонската футсалска селекција вечерва од 17:30 часот гостува во Вантаа. По дуелот со Фи…