Дома Трансфер зона Симеоне прифати помала плата, останува во Атлетико до 2027 година

Симеоне прифати помала плата, останува во Атлетико до 2027 година

Диего Симеоне постигна договор со Атлетико Мадрид за нов тригодишен договор, објавија шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот, кој е на кормилото на тимот од 2011 година, му донесе многу успеси на „јорганџиите“, па клубот сакаше да го задржи и во наредните три години.

Симеоне откако седна на клупата буквално го препороди Атлетико освои две титули во Лигата на Европа, како и две титули во Ла Лига, а два пати играше и во финалето на Лигата на шампиони.

Иако се шпекулираше дека во последните две сезони дошло до презаситување и дека Симеоне е спремен да ја промени средината после 12 сезони, сепак веднаш го прифати новиот договор.

Симеоне се согласил драстично да му биде намалена платата, дури за 45% и ќе остане во Атлетико до 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…