Интер и Јувентус покажуваат сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат италијанските медиуми.
22-годишниот играч за врска игра фантастично, веќе дебитираше за француската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интер сака да ја победи конкуренцијата, а клучна улога може да одигра неговиот брат Маркус Турам и да го убеди да му се придружи на „Џузепе Меаца“.
Јувентус исто така е силно заинтересиран бидејќи во него гледа идеална замена за суспендираниот Погба.
Двата клуба веќе имале контакт со неговиот агент и работат на трансферот, па останува да се види кој ќе стигне прв до неговиот потпис.