Сандро Тонали доби суспензија од 10 месеци, но и покрај тоа тој е во составот на Њукасл за натпреварот кој ќе го игра неговиот тим викендов.
Њукасл треба да игра против Вулверхемптон, а тренерот Еди Хау објасни зошто Тонали е во составот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ги видовме вестите и соопштенијата, но ние не добивме ништо официјално од италијанските власти. Очекувам да го имаме на располагање. Има некои работи кои треба да се направат пред суспензијата да стапи на сила“, изјави Хау.
В сабота Њукасл му гостува на Вулверхемптон и тоа неколку дена по поразот на домашен терен од Борусија Дортмунд.