Maкедонскиот репрезентативец, Никола Митревски имаше одлично издание во Лигата на шампионите и со 13 одбрани му помогна на Порто да дојде до победата.
Сите одбрани македонскиот голман ги запиша во второто полувреме. Митревски сосема заслужено беше избран за најдобар голман во шестото коло од групната фаза.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Во идеалниот тим покрај Митревски место добија: Матијас Муше (Магдебург), Сандер Сагосен (Колстад), Елијас Елесен (Кил), Мадс Хоксер (Алборг), Себастијан Карлсон (Монпелје) и Лудовик Фабрегас (Веспрем).
Видео до сите одбрани на Митревски можете да погледнете – ТУКА.