Дома Фудбал Италија Oфицијално: Тонали поради суспензијата нема да игра на Европското првенство!

Oфицијално: Тонали поради суспензијата нема да игра на Европското првенство!

Италијанскиот репрезентативец, Сандро Тонали доби суспензија од 10 месеци и плус осум месеци задолжителна рехабилитација, потврди Фудбалската федерација на Италија.

Се најавуваше дека Тонали може да добие супензија од 18 месеци, но Италијанецот ќе се спаси со помала казна, но сепак ќе го пропушти Европското првенство во 2024 година.

Тонали беше обвинет дека се обложувал на натпревари на Милан додека бил играч на „росонерите“. Претходно тој призна дека се обложувал на натпревари на „росонерите“, но на натпревари на кои тој не играл. Поради тоа не се водеше истрага за местење натпревари.

Претходно суспензија доби и Николо Фаџоли кој седум месеци ќе биде надвор од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Невил со јасна порака за Исак и Вирц: „Мора да се подобрат“

Гери Невил верува дека Александар Исак и Флоријан Вирц мора да го подигнат нивото, но исто…