НИКОЛА ЈОКИЌ со блескава партија и нов трипл-дабл ја започна сезоната во која со Нагетс ја брани титулата во НБА.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По натпреварот, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња му оддаде почит.
Актуелниот МВП на финалето на најсилната лига се јави во живо од микс зоната. Студиото со Шекил О’Нил и Чарлс Баркли беше во Денвер, а водителот ја прекина изјавата на Јокиќ со зборовите: „Шек има нешто да ти каже“.
О’Нил потоа на српски рече: „Те сакам“ и го повтори уште неколку пати на мајчиниот јазик на Јокиќ. Асот на Денвер се насмеа на тоа, а тимот во студиото се прашуваше што рекол Шек.
Кога дознале и кога О’Нил се свртел кон публиката и почнал да скандира „Те сакам, те сакам“ на српски, во Денвер настана делириум.
“VOLIM TE! VOLIM TE! VOLIM TE!”@SHAQ telling Jokić "I love you" in Serbian 🤣 pic.twitter.com/r8CgEQsabc
— NBA on TNT (@NBAonTNT) October 25, 2023