Дома Македонски спорт Мак фудбал Убедлива победа на фудбалерките од 19 години против Луксембург

Убедлива победа на фудбалерките од 19 години против Луксембург

Македонската женска репрезентација до 19 години со победа против Луксембург го започна квалификацискиот турнир од Лига Б (рунда 1) за пласман во квалификации, Лига А за Елитна рунда за ЕП.

На турнирот во Ерменија, македонската репрезентација денеска со убедливи 4:0 славеше против Луксембург. 


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Стрелци на головите за селекцијата која ја предводи Астрит Мерко беа Веса Села во 20. минута, Билјана Панеска ја удвои предноста пред крајот на првото полувреме, а во продолжението погодија Јована Павловска во 52. и Симона Мајер во 68. минута. 

Во составот на нашата селекција на турнирот на кои учествуваат репрезентациите на Ерманија, Луксембург и Украина се наоѓаат 20 фудбалерки: 

Голмани: Кристина Павловска (Шкендија), Натали Талевска (Топ Гол);

Одбрана: Еда Далипи (Ас Јунајтед), Слаѓана Ѓоргиева (Тиверија), Ива Јованоска (Љуботен), Росана Китановска (Љуботен), Катерина Петкова (Истатов); 

Среден ред: Аријана Ајдари (Хомбург, Германија), Диана Алуши (Ас Јунајтед), Ива Јосифова (Тиверија), Симона Мајер (Макаби, Израел), Сара Мена (Ас Јунајтед), Ивана Милевска (Топ Гол), Рона Рустеми (Шкендија), Миа Велинова (Скопје);

Напад: Теодора Далческа (Ас Јунајтед), Билјана Панеска (Тиверија), Јована Павловска (Цевитана), Веса Села (Ас Јунајтед)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Литванскиот селектор пред натпреварот вечерва: Дознавме како игра Македонија!

Вечерва во Скопје, Римас Куртинаитис ќе дебитира на селекторската позиција во литванската …