Дома Топ вести Ѕвездата е родена: Сити, Баерн и Реал го сакаат младиот Италијанец

Ѕвездата е родена: Сити, Баерн и Реал го сакаат младиот Италијанец

Европските гиганти се силно заинтересирани за младиот дефанзивец на Аталанта, Џорџо Скалвини.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скалвини иако има само 19 години веќе стора сезона е стандаеден во дресот на Аталанта, а дебитираше и за италијанската репрезентација.

Скалвини важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а многумина го споредуваат со легендарниот Паоло Малдини.

Може да игра како централен дефанзивец и бек, а европските гиганти веќе подолго време ги следи неговите настапи.

Покрај италијанските гиганти силен интерес за него покажуваат Манчестер Сити, Реал Мадрид и Баерн Минхен, па се очекува голема битка за неговиот потпис.

Аталанта е позната по тоа што „произведува“ таленти, но и скапо ги продава, па Скалвини сигурно нема да го пушти за помалку од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…