ЕДЕН АЗАР пред една недела објави дека на 32-годишна возраст ја завршува својата играчка кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Белгиецот ја објави веста на Инстаграм, а се повлекува како икона на Челзи, но и како најголемo промашување на Реал Мадрид, кој го донесе летото 2019 година за 115 милиони евра.
Сепак, Белгиецот се покажа како најголемиот неуспех на Реал во историјата.
Во интервју за белгискиот весник L’Avenir, тој ги објасни причините за својата одлука.
“Секогаш велев дека ќе престанам да играм во моментот кога ќе престанам да чувствувам радост на теренот.
Не сакав да одам некаде и да играм за пари. Не уживав во тренинзите и не играв повеќе. Одлуката беше лесна “, изјави белгискиот ас.