Дома Фудбал Шокантна изјава на француски министер: Бензема е поврзан со терористи

Шокантна изјава на француски министер: Бензема е поврзан со терористи

Фудбалерот Карим Бензема одржува врски со терористичката организација Муслиманско братство, изјави во средата францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Дарманин остро го обвини долгогодишниот француски фудбалски репрезентативец и до неодамна член на Реал Мадрид, кој летово од Мадрид се пресели во Саудиска Арабија каде потпиша за тамошниот Ал Итихад.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Сите наши молитви се со жителите на Газа кои повторно се жртви на овие неправедни бомбардирања кои не штедат ниту жени, ниту деца“, напиша Бензема на социјалните мрежи на почетокот на актуелните конфликти кои се сè пожестоки на Блискиот Исток.

Министерот Дарманин го поврза Бензема како личност која позитивно го промовира терористичкото движење Хамас во јавноста, а француската политичарка Валери Бојер истакна дека, меѓу другото, на Бензема треба да му се одземе престижната Златна топка, награда која ја доби во 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инциденти во Црна Гора: Хрватски навивачи биле нападнати по балканското дерби!

Стигнуваат вести за напад врз колоната на хрватски навивачи кои се враќале од Подгорица. П…