АВСТРИЈА синоќа стана осмата репрезентација која ќе настапи на Европското првенство следната година.
Австријците победија во Азербејџан (1:0) со голот на Марсело Сабицер од пенал и така заедно со Белгија од оваа група обезбедија пласман.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Покрај Австрија и Белгија, на ЕП веќе се пласираа Франција, Португалија, Шпанија, Турција и Шкотска, како и домаќинот Германија.
Вечерва може да им се придружат Данска од групата Х и Унгарија од групата Г. Унгарците би ја добиле групата Г со победа против Литванија на гости, а на Данците им треба победа над Сан Марино, реми на Казахстан со Финска и Словенија да не загубат во Северна Ирска.