Деновиве во Италија актуелни се обвинувањата за обложување, а откако истрагата се продлабочила добила и поголеми размери.
Прво беше објавено дека фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли се обложувал, потоа пристигна иста информација за Сандро Тонали и Николо Заниоло. По ова двајцата фудбалери го напуштија кампот на италијанската репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утрово италијанската „Ла Република“ објави дека е отворена истрага против повеќе од десет фудбалери од Серија А кои се обложувале. Засега повеќе имиња не се откриваат.
Истрагата траела неколку недели, а за Фаџоли е познато дека потрошил околу 100.000 евра на обложување во последните 18 месеци. Сите кои ќе бидат прогласени за виновни во случајот сигурно ги чека голема казна.