Дома Фудбал Германија Германците откриваат: Чаби Алонсо има специјална клазула која важи за три клуба

Германците откриваат: Чаби Алонсо има специјална клазула која важи за три клуба

На Чаби Алонсо му оди одлично на клупата на Баер Леверкузен, па неговото име веќе почна да се поврзува со поголеми европски клубов, а германските медиуми откриваат специфична клазула во неговиот договор.

Наводно, во договорот на Шпанецот има откупна клазула која важи само за три клуба Ливерпул, Баерн Минхен и Реал Маддрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Засега не се открива висината на клазулата, меѓутоа со Реал Мадрид медиумите веќе го поврзуваа и претходно.

Леверкузен во овој момент е најдобар тим во германското првенство со девет победи од десет натпревари и просек од 2.8 бода по натпревар. Исто така се најефикасен тим со 37 постигнати гола или 3.7 по натпревар.

Токму и затоа не е чудно што името на Алонсо се поврзува со други клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…