Дома Топ вести Јувентус ја спасува кариерата на Санчо

Јувентус ја спасува кариерата на Санчо

Џејдон Санчо е во центарот на вниманието откако влезе во конфликт со тренерот Тен Хаг и сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Англичанецот влезе во расправија со тренерот Тен Хаг и јасно е дека нема да добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Најсилен интерес за него покажуваше Борусија Дортмунд, но „милионерите“ се откажаа бидејќи се загрижени за неговата дисциплина.

Јунајтед сака по секоја цена да се ослободи од Санчо и е спремен да го пушти на позајмица плајќајќи дел од неговата плата.

Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус, кој е спремен да го доведе Англичанецот во јануари на позајмица со можност за откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…