Дома Фудбал Италија Не било до тактиката: Руди Гарсија го знае проблемот на Наполи

Не било до тактиката: Руди Гарсија го знае проблемот на Наполи

Тренерот Руди Гарсија има катастрофален почеток на сезоната со актуелниот италијански шампион Наполи и веднаш доби критики од навивачите кои не се среќни со резултатите.

Наполи во минатото коло загуби со 1-3 од Фиорентина откако Гарсија донесе неколку чудни одлуки и во самата завршница ги повлече од игра Зиелински, Осимен и Лоботка.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Чувствуваме фрустрација, ова е лош резултат за нас. Не сметам дека резултатите се производ на тактички грешки, туку се работи за нашиот менталитет.

Мора подобро да се браниме и да го читаме противникот. Да бидеме поагресивни и попаметни на теренот“, изјави Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јамал се врати со повреда, во Барселона се лути на Де ла Фуенте

Најголемата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, е повреден и ќе го пропушти неделниот дуел с…