Дома Фудбал „Во Барселона требаше да лажам дека Меси е најдобар во светот“

„Во Барселона требаше да лажам дека Меси е најдобар во светот“

Прославениот фудбалски ас Кевин Принс Боатенг се присети на периодот поминат на „Камп Ноу“. Поранешниот репрезентативец на Гана летово стави крај на својата богата фудбалска кариера. Со голем успех настапуваше за бројни европски клубови од најсилните лиги во Европа, меѓу кои и Барселона.

Во подкаст со легендарниот дефанзивец на Јунајтед, Рио Фердинанд, тој зборуваше за периодот кој го помина во каталонскиот клуб.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Штом дојдов во Барселона, ме прашаа кој е најдобриот фудбалер на светот. Морав да кажам Меси. Тоа е една од најголемите лаги во мојот живот – изјави Боатенг, кој призна дека е голем фан на Реал Мадрид и навивач на Кристијано Роналдо.

Од тинејџер сум навивач на Реал Мадрид. Го сакам Кристијано Роналдо“ додаде Боатенг.

Контроверзниот ас ги откри деталите од интересниот разговор кој го имал со Меси.

„Меси покажа дека има ривалство меѓу него и Роналдо. Меси беше капитен, но не кажа ништо. Еднаш разговаравме за време на туширањето

Ме праша дали е тешко да се постигнат голови во Италија. Роналдо во тоа време беше во Јувентус. Тоа покажа дека меѓу нив има ривалство. Му реков дека е тешко, а Роналдо постигнуваше голови на секој натпревар три години“, заврши Боатенг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…