Дома Фудбал Останато Лампард започнал преговори, се враќа на тренерската работа?

Лампард започнал преговори, се враќа на тренерската работа?

Поранешниот тренер на Челзи, Френк Лампард наводно е спремен да започне преговори за преземање на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс.

Ренџерс неодамна го отпушти Мајкл Бил по слабите резултати од почетокот на првенството. Тимот во овој момент е предводен од Стивен Дејвис кој е привремено решение и ќе биде на клупата и денеска против Арис Лимасол.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Лампард последниот ангажман го имаше во Челзи во финишот од сезоната, а претходно беше тренер и на Евертон и Дерби Каунти.

Покрај Лампард, кандидат за клупата на гигантот од Глазгов е и Кевин Мускат кој го води јапонскиот тим, Јокохама Маринос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На Светско првенство оди држава која не игра дома и на која банди ѝ го контролираат градот и стадионот

Квалификациите за Светското фудбалско првенство во зоната на CONCACAF (Северна и Централна…