Реал Мадрид спрема изненадувачки трансфер во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.
Реал е во потрага по лев бек, а најновото име на списокот на „кралевите“ е играчот на Челзи, Марк Кукуреља.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кукуреља за неверојатни 70 милиони пристигна во Челзи, но не ги оправда очекувањата и се покажа како големо промашување.
„Сините“ сакаат да слушнат понуди и го ставија на продажба, а Реал сака во јануари да го доведе на позајмица.
Шпанецот има големо искуство во Примера, па Реал верува дека добро ќе се вклопи во тимот и го сака на позајмица со право на откуп.
🚨 Chelsea are willing to listen to offers for Marc Cucurella before a possible January transfer move, with Real Madrid keen to sign him on loan.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 29, 2023
(Source: ESPN) pic.twitter.com/c7Oi9NKO7u