Играчот за врска на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга веќе ги освои сите можни трофеи кои можат да се освојат со еден клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако има само 21 години Французинот е важен дел од тимот и еден од најдобрите играчи за врска во Европа.
Поради тоа Реал реши да го награди со нов договор и преговорите со неговиот агент се во напредна фаза.
Притоа со новиот договор Реал сака да го „блиндира“ својот играч на повеќе години и така да се заштити од интересот на другите клубови.
Се очекува наскоро Камавинга да стави потпис до 2028 година со значително повисока плата.