Дома Топ вести Лоша вест за Анчелоти: Се повредија уште двајца важни фудбалери за Реал

Лоша вест за Анчелоти: Се повредија уште двајца важни фудбалери за Реал

Во натпреварот против Лас Палмас на домашен терен, Реал Мадрид дојде до лесна победа од 2:0 во рамките од седмото коло во Ла Лига.

„Кралевите“ скапо ја платија оваа победа бидејќи се повредија Алаба и Рудигер. Лошата вест ја потврди тренерот Карло Анчелоти по натпреварот.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Против Жирона Алаба нема да игра, Рудигер исто така доби удар, ќе видиме“, изјави италијанскиот стратег.

Алаба вчера беше заменет уште во првото полувреме, а според поргнозите има проблем со адукторот. Рудигер според најавите брзо би требало да биде спремен за Жирона кој игра одлично. По седум кола Жирона е лидер во Ла Лига.

Од претходно е познато дека Реал Мадрид е без Милитао, Куртоа и Винисиус Жуниор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тухел го објави списокот на Англија за квалификациите, има изненадувања!

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, го објави списокот на игра…