Aлбион Рахмани, 23-годишниот напаѓач на Рапид е хит играч сезонава во романското првенство.
Во првите четири кола Рахмани постигна дури шест гола и двапати асистираше. Посебно беше расположен во последното коло во победата против Клуж, постигнувајќи два гола.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Прво го отвори резултатот во петтата минута, а потоа во 51. минута со одлична реакција донесе ново водство за својата екипа.
По постигнувањето на вториот гол тој одлучи да го прослави така што ги крена рацете и покажа знак на орел, симбол кој на терените се сфаќа како провокација за Србите, посебно ако доаѓа од страна на косовски фудбалер.
Another goal from Albion Rrahmani tonight.
— Kosovan Football 🇽🇰 (@kosovanfooty_EN) September 25, 2023
Unstoppable.pic.twitter.com/JID20lQJxW
Исто така овој негов потег доаѓа откако неодамна на натпреварот помеѓу Романија и Косово се појави транспарент, „Косово е Србија“, а имаше и такво скандирање во текот на средбата.
„Јас сум од Косово и имам албанска крв. Ќе славам со знак на орел кога и да е тоа можно, сакам да ги охрабрам сите Албанци да го прават истото“, изјави Рахмани по натпреварот.