Дома Фудбал Миовски во тимот на колото во Шкотска

Миовски во тимот на колото во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжи со одличните настапи за Абердин, и постигна два гола против Рос Каунти (4-0).

Партијата на Миовски беше забележана од фудбалските критичари на Островот, тој се најде во тимот на колото заедно со уште двајца свои соиграчи, Дук и Јенсен.

Напаѓачот оваа сезона има четири гола во шкотското првенство, еден во Купот на Шкотска и два во Лига Европа, а добриот настап против Рос Каунти му помогна да биде избран во тимот на колото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата У21 генерација на проверка во Нови Сад, Данев верува во позитивен исход

Македонија ќе гостува кај Србија на 12 ноември, со состав насочен кон следниот квалификаци…