Дома Фудбал БиХ има светска рекордерка во женски фудбал

БиХ има светска рекордерка во женски фудбал

Женскиот фудбал во Босна и Херцеговина не е на некое завидно ниво, но сега тие имаат светска рекордерка.

Имено, младата Уна Ранкиќ се запиша во историјата откако стана најмлада дебитнатнка во историјата на женскиот сениорски фудбал. Таа за својата репрезентација во натпреварот против Белорусија настапи со 15 години и 300 дена.

Ранкиќ така ја надмина досегашната рекордерка, Каси, Ју-Јун Паир од Јужна Кореја која настапи со 16 години и 29 дена.

Инаку, Ранкиќ во кадетската репрезентација на БиХ одигра 20 натпревари и постигна 10 гола, а на Европското првенство за оваа генерација настапи на 14 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го менува фудбалскиот распоред: УЕФА одложи натпревари во Португалија

Бурата Чарлс донесе предупредувања за силен ветер и обилни врнежи, поради што УЕФА одложи …