Дома Фудбал Mурињо оваа сезона има необична цел – да не биде суспендиран!

Mурињо оваа сезона има необична цел – да не биде суспендиран!

Tренерот на Рома, Жозе Мурињо си постави една необична цел оваа сезона – да не биде суспендиран ниту еднаш!

Познавајќи го карактерот на „специјалниот“, тоа ќе биде тешка задача, но Португалецот ќе се обиде.

„Мојата цел за оваа година е да имам нула суспензии. Но ако има една работа која не можам да ја променам тоа е мојата ДНК, мојата искреност и мојата вистина. Тоа ќе биде предизвик за мене, ќе се обидам да немам никакви проблеми со судиите“, изјави Мурињо.

Рома по три кола во новата сезона се уште нема победа, а вечерва ќе игра против Емполи од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…