Еден од најдобрите кошаркари во светот, Гркот Јанис Адетокумбо најави можно заминување од Милвоки каде што настапува од 2013 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со Милвоки, Јанис освои титула во 2021 година која за овој клуб беше прва по 50 години и ерата на Карим Абдул Џабар.
Сега, Јанис најави дека може да го напушти тимот ако нема можност да стане шампион.
„Во овој момент сум играч на Милвоки, но најважно е дека јас сум победник. Ако немам помош каква што треба да имам, можно е заминување“, изјави Јанис.