Милан и Интер водат голема битка на теренот, но и надвор од него кога се трансферите во прашање.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека миланските гиганти започнале борба за потписот на напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Главна цел на „росонерите“ за следната сезона е доведување на врвот напаѓач, а прв избор е Џонатан Дејвид од Лил.
Ова лето неговата цена беше 60 милиони евра, сума која Милан и Интер не сакаа да ја платат.
Меѓутоа, Дејвид на лето вчегува во последната година од договорот, па миланските гиганти сакаат да ја победат конкуренцијата.