Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија откри дека имал богати понуди од Саудиска Арабија, но се одлучил да го послуша срцето и да го облече дресот на Бенфика.
Во Саудиска Арабија летово се преселија голем број фудбалери, но Анхел Ди Марија избра поинаков пат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добив многу понуди и телефонски повици од Саудиска Арабија, нудат луди бројки, но јас го послушав моето срце и се вратив во Бенфика“, изјави Ди Марија.
Првиот човек на Бенфика, Руи Коста потврди дека платата на Ди Марија не ја надминува границата на плати.
„Ди Марија не ја надминува границата на платите во клубот, дојде без да потпише бонус кој би го добил надвор од платата. Со него скоро и да не преговаравме за условите, не побара ништо повеќе од тоа што му беше понудено“, изјави Руи Коста.