Дома Фудбал Италија Инзаги стана трет најплатен тренер во Серија А

Инзаги стана трет најплатен тренер во Серија А

Интер вчера го потврди продолжувањето на договорот со тренерот Симоне Инзаги до 2025 година.

47-годишниот стратег со новиот договор така стана трет најплатен тренер во италијанската Серија А. Повеќе платени од него во овој момент во Италија се само Масмилијано Алегри од Јувентус и Жозе Мурињо од Рома.

Инзаги во Интер заработува 5.5 милиони евра по сезона, додека најплатените Алегри и Мурињо добиваат по седум милиони евра годишно.

Зад Изнаги е тренерот на Милан, Стефано Пиоли со четири милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ванкувер без Милер против Лос Анџелес ФК

Ванкувер Вајткепс ќе се соочат со Лос Анџелес ФК без повредениот Томас Милер, што ќе биде …