Дома Македонски спорт Манев: Никој не може да и се заканува на Италија, секој натпревар е нов предизвик

Манев: Никој не може да и се заканува на Италија, секој натпревар е нов предизвик

Maкедонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два натпревари во квалификациите за Европското првенство, а во првиот ќе играме против силната Италија.

Италија на последниот меѓусебен натпревар ја шокиравме во Палермо и ги оставивме „Аѕурите“ без настап на Мундијалот во Катар, но во нашиот табор се свесни против кого играат.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Еден од помладите во нашиот состав, дефанзивецот Јован Манев се надева и верува во позитивен резултат.

„Играме против голема репрезентација како што е Италија. Не може никој да ѝ се заканува на таков тим. Фудбалски е да се надеваш на успех, верувам дека сите играчи ќе го дадат максимумот. Во овој меч ќе влеземе со позитивни мисли и чекор по чекор се надевам дека ќе донесеме позитивна атмосфера. Не верувам во одмазда и такви работи, секој нов меч е нов предизвик и сакам позитивен резултат пред нашите фанови, изјави Манев.

Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра в сабота од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“, билетите се пуштени во продажба по цена од 300 и 500 денари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Англичаните најавија заминување на Гвардиола од Сити. Еве кога треба да го напушти клубот

ПЕП ГВАРДИОЛА го предводеше Манчестер Сити до уште една шампионска титула, шеста за клубот…