Дома Трансфер зона Официјално: Дејан Станковиќ ќе води нов клуб

Официјално: Дејан Станковиќ ќе води нов клуб

Легендата на српскиот фудбал, Дејан Станковиќ официјално е назначен за нов тренер на најтрофејниот унгарски клуб Ференцварош, потврди на својот официјален сајт учесникот во Конференциската лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станковиќ по лошата епизода во Сампдорија ќе има нов тренерски ангажман и ќе предводи уште еден гигант од овие простори откако седеше на клупата на Црвена Звезда.

На стартот од сезоната Ференцварош беше предводен од Русинот Станислав Черишов, но по елиминацијата од Класвик во квалификациите за Лигата на шампионите доби отказ, привремено клубот го водеше Чаба Мате.

Како и во Сампдорија и тука прв помошник на Станковиќ ќе му биде Ненад Сакиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…