Изгледаше дека Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во турскиот гигант Галатасарај, но според последните најави и шпанскиот ветеран може да се пресели во Саудиска Арабија.
Информациите од арапската земја говорат дека Ал Итихад испратил конкретна понуда за да го доведе Рамос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите, Рамос има понуда за договор на две години со плата од 20 милиони евра по сезона. Исто така во неговиот договор би имало и клазула со која ќе може да го раскине договорот во било кое време.
Рамос е без клуб откако го напушти Пари Сен Жермен.