Дома Македонски спорт Мак фудбал Гамбиец ја засили Брегалница

Гамбиец ја засили Брегалница

Со финишот на преодниот рок во летниот трансфер период, Брегалница дополнително го засили офанзивниот среден ред со интернационалецот од Гамбија, Соломон Кинг Канформ.

25-годишниот Канформ кој игра како офанзивен играч за врска, доаѓа од екипата на Шеик Џамал Данмонди од првенството на Бангладеш каде настапуваше изминативе три сезони со 95 настапи на официјални натпревари притоа постигнувајќи 48 погодоци, потврдувајќи ги своите офанзивни предиспозиции.

Сега доаѓа како засилување за тимот на Горан Здравков низ актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Станковска по златото во Пловдив оди на нов боксерски тест во Бања Лука

Софија Станковска на 5 ноември ќе боксува против Австријката Лина Ленц на „Златна ракавица…