Дома Фудбал Халанд: Сакам кога Пеп „урла“ по мене

Халанд: Сакам кога Пеп „урла“ по мене

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар играч во Европа од страна на Европската фудбалска федерација.

Норвешкиот претставник во својата прва сезона во Сити ја освои Лигата на шампионите, англиската Премиер лига и ФА Купот, а на 53 натпревари постигна 52 гола. Во исто време за најдобар тренер во натпреварувањето беше прогласен и Пеп Гвардиола од Сити.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Халанд победи со 352 гласа пред Лионел Меси (227) и соиграчот Кевин Де Брујн (225).

Гвардиола беше прогласен за најдобар со 602 поени, пред Италијанецот Лучијано Спалети, кој го предводеше Наполи до првата титула во Серија А по 33 години.

На второто место е Спалети со 252 бода, додека трет е Симоне Инзаги, тренер на европскиот вицешампион Интер со 84 бодови.

Халанд: Гвардиола се обидува да ме направи подобар фудбалер
За време на церемонијата на која беше прогласен за најдобар, Халанд беше прашан за неговиот однос со Гвардиола. Поточно, тој беше прашан кој е пострашен, неговиот татко Алф-Инге Халанд или неговиот тренер Гвардиола.

“Добро прашање. Морам да признаам дека Пеп понекогаш е страшен. Но и татко ми може да биде таков”, одговори Халанд и додаде:

„Тоа е нешто што ми се допаѓа. Ми се допаѓа кога Пеп „урла“ по мене затоа што се обидува да ми даде нешто што го немам. Ми се допаѓа, воопшто не се жалам на тоа. Тој се обидува да ме направи подобар фудбалер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим веќе размислува на преодниот рок, има две желби кои вредат 100 милиони евра!

Во Манчестер јунајтед постојано имаат идеи и амбиции, но изминативе десетина години не усп…