Дома Останати Тенис Сензационалните елиминации му го отворија патот на Ѓоковиќ до финалето на УС Опен

Сензационалните елиминации му го отворија патот на Ѓоковиќ до финалето на УС Опен

Веќе во второто коло на УС Опен испаднаа четвртиот (Каспер Руд) и седмиот (Стефанос Циципас) тенисер во светот.

Гркот шокантно беше елиминиран од Доминик Стрикер, 128. играч на АТП листата по повеќе од четири часа борба (7:5, 6:7, 6:7, 7:6, 6:3) во кои три сета отидоа во тај-брејк.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Циципас освои две и направи пресврт, но Швајцарецот се врати на истиот начин и потоа лесно го победи фаворитот во петтиот сет.

Следеше уште една во низата сензации на последниот Грен слем годинава. Жанг Жижен, 67. тенисер во светот, со 6:4, 5:7, 6:2, 0:6, 6:2 го нокаутираше Каспер Руд кој е 4.

Кинезот, чиј најдобар резултат на најголемите турнири досега беше третото коло на Ролан Гарос, го елиминираа актуелниот вицешампион на УС Опен и финалист на последните два париски гренслема.

Новак Ѓоковиќ ги слави овие сензации. Најдобриот светски тенисер така има отворен пат до финалето бидејќи нема ниту еден играч од Топ 8. Тоа се случи благодарение на елиминациите на Циципас и Руд во второто коло и Холгер Руне веќе во првото коло.

Единствените високорангирани играчи кои го чекаат Ѓоковиќ на патот кон четвртиот меч за титулата во Њујорк се Френсис Тиафо (бр. 10) и Тејлор Фриц, бр. 8 во светот.

Од другата страна на ждрепката, во која Карлос Алкараз, актуелниот победник на УС Опен е фаворит, го чекаат големи ривали: Медведев, Синер, Рублев, Зверев, Нори…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ откри нови детали за повредата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја откри состојбата на своето тело по натпреварот со Флавио…