Македонија во наредниот период ќе биде без услугите на капитенот Стефан Ристовски кој се повлече од националниот тим, а Милевски на денешната прес-конференција најави и кој ќе биде неговиот наследник.
Енис Барди кој во присуство на Ристовски беше втор капитен сега веројатно ќе биде новиот капитен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не сум размислувал за капитен, но од претходно Барди беше втор капитен, и тој веројатно ќе ја презеде улогата на прв капитен сега. После него следува Димитриевски“, изјави Милевски
Засега не е познато на колку време Ристовски одлучи да се повлече и дали ситуацијата ќе се промени со евенутална смена на Милевски по истекот на неговиот договор во ноември.