Дома Фудбал Познати уште три учесници во групната фаза од Лигата на шампионите

Познати уште три учесници во групната фаза од Лигата на шампионите

Синоќа завршија три реванш натпревари од плеј-офот на Лигата на шампионите, по што добивме уште тројца учесници во групната фаза.

Синоќа се славеше во Турција, Португалија и Швајцарија.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Галатасарај на првиот натпревар во Норвешка го совлада Молде со 3:2, а вечерва на реваншот во Истанбул го потврди своето место понатаму со триумф од 2:1.

Галата поведе во седмата минута со голот на Икарди од пенал за 1:0, а гостите израмнија во 66. минута, Хестад погоди за 1:1 на асистенција на Брејвик.

Молде можеше да направи пресврт во 81. минута, но по ВАР, голот на Бериша беше поништен поради офсајд.

Пласманот на Галата во групната фаза го потврди голот на Анџелино за конечни 2:1 во третата минута од судиското надополнување.

По ремито 0:0 во Израел, Јанг Бојс синоќа во Берн го победи Макаби Хаифа и се пласираше во групната фаза.

Швајцарскиот тим победи со 3:0, а головите ги постигнаа Итен во 23. минута, автогол на Сецко во 28. а Угриниќ ја затресе мрежата на гостите во 46. минута.

Фудбалерите на португалска Брага ги дочека пеколна атмосфера во Атина против Панатинаикос, натпреварот се одигра во одлична атмосфера пред 60.000 гледачи.

На крајот од натпреварот Брага победи со 0:1 и го потврди пласманот во групната фаза. Херој на тимот против беше Брума, кој постигна гол во 83. минута на асистенција на Хорта.

Денеска се играат преостанатите реванш натпревари од плеј-офот на Лигата на шампионите, по што ќе ги дознаеме сите учесници во групната фаза од Лигата на шампионите, а во споменатите натпревари ќе се сретнат:

АЕК – Антверп

Копенхаген – Раков

ПСВ Ајндховен – Ренџерс

Сите натпревари започнуваат во 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите започнале: Зиркзе пред враќање во Италија!

Џошуа Зиркзе би можел во јануари да ја побара среќата на ново место. Во Манчестер Јунајтед…