Дивок Ориги минатото лето го напушти Ливерпул и се пресели во Милан, но може експренсо да се врати во Премиер лигата.
Ориги главно ја грееше клупата за резерви минатата сезона и постигна само два гола, па Милан сака да се ослободи од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со доаѓањето на новите засилувања „росонерите“ му порачаа да си бара нов клуб, а тој ги одби понудите од Турција и Саудиска Арабија бидејќи сака да се врати во Премиер лигата.
Силен интерес за него покажува Барнли, кој веќе почнал преговори, а Милан е спремен да го пушти на позајмица со право на откуп.