Дома Фудбал Италија НЕ Е ТАЖНА ПРИКАЗНА ТУКУ ЧИСТ БИЗНИС! Манчини ја напушти клупата на Италија поради 120.000.000 евра!

НЕ Е ТАЖНА ПРИКАЗНА ТУКУ ЧИСТ БИЗНИС! Манчини ја напушти клупата на Италија поради 120.000.000 евра!

Роберто Манчини и официјално стана нов селектор на Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роберто Манчини пред десет дена поднесе оставка од селекторската функција на Италија и со тој потег ги изненади сите, а многумина сметаа дека причината се личните проблеми.

Згора на тоа, неговата мајка Маријана Манчини изјавила дека Роберто сè уште не се опоравил од смртта на неговиот најблизок пријател и соработник Џанлука Вијали, но се испостави дека тоа е не е така – бидејќи веројатно имал понуда за нова работа.

Европскиот шампион со „Аѕурите“ ќе седне на клупата на репрезентацијата на Саудиска Арабија, а за таа работа во следните четири години ќе добие дури 120 милиони евра.

Секако, негова задача е да ја доведе репрезентацијата во ред и да ја направи поконкурентна на големите натпреварувања, што е и планот за клупскиот фудбал, во кој државата вложува огромни пари.

Се очекува на 8 септември Роберто Манчини да дебитира на клупата на Саудиска Арабија против Костарика во пријателски натпревар организиран на стадионот „Сент Џејмс Парк“, инаку во сопственост на Њукасл Јунајтед – клуб кој не така одамна практично беше купен од „државата Саудиска Арабија“.

На овој начин Саудиска Арабија ќе ја промовира репрезентацијата на „својот стадион“, а се е во служба на добивање организација на Светското првенство и (или) Олимписките игри во наредните години.

Да потсетиме, Манчини е познат фудбалер на Лацио кој се прослави како тренер на клупата на Интер и Манчестер Сити, додека брилијантно ја водеше и италијанската репрезентација. На таа позиција сега ќе го замени Лучијано Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сеп Блатер откри кого сака на чело на ФИФА

Поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер (90) на социјалната мрежа X изрази поддршка за …