Дома Фудбал ВИДЕО Чудесниот Белингем со нов гол за победа на Реал

ВИДЕО Чудесниот Белингем со нов гол за победа на Реал

РЕАЛ МАДРИД ја победи Селта Виго со 1:0 во третото коло од шпанското првенство.

Стрелец на единствениот гол беше Џуд Белингем, прекрасниот англиски играч за врска кој летово пристигна од Борусија Дортмунд за 103 милиони евра. Белингем погоди во 81. минута.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тоа е негов четврти гол во третиот првенствен натпревар, а има и една асистенција.

Во последното коло беше двоен стрелец, на што додаде и асистенција за Винисиус Јуниор, што значи дека втор натпревар по ред му донесе победа на Реал.

Од друга страна, повредата на Винисиус е лоша вест за Реал.

Бразилското крило ја напушти играта во 18. минута откако почувствува болка по спринт.

Избраниците на тренерот Карло Анчелоти можеа и порано да поведат, но голманот на Селта, Иван Виљар, го одбрани пеналот на Родриго во 68. минута.

Погодокот на Белингем погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио

Претприемачот, политичар и сопственик на Лацио, Клаудио Лотито, реши да повика свештеник з…