Дома Фудбал ВИДЕО Шоуто на Роналдо против Ал Фатех, хет-трик во победата од 5:0

ВИДЕО Шоуто на Роналдо против Ал Фатех, хет-трик во победата од 5:0

Ал Наср го победи Ал Фатех со 5:0 на гости во третото коло од шампионатот на Саудиска Арабија.

Ал Наср поведе во 27. минута со голот на Садио Мане по прекрасната асистенција на Кристијано Роналдо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Откако ја прими топката од Марсело Брозовиќ на работ од шеснаесетникот, Роналдо мајсторски со пета ја испрати право во нозете на Сенегалецот.

Мане стручно му побегна на стоперот, а потоа со прекрасен удар го погоди спротивниот агол за водство на Ал Наср.

Тоа беше втор гол на Сенегалецот во третиот натпревар за новиот клуб. 12 минути подоцна Роналдо со глава го зголеми водството на својот тим.

Во вториот дел беа постигнати уште три гола, а Роналдо постигна хет-трик.

Головите погледнете ги ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлична вест за Милан пред клучниот натпревар во Неапол

Во понеделник од 20.45 часот на „Марадона“ ќе се игра големото дерби од 31. коло на Серија…