Дома Трансфер зона Аталанта не ги продава најдобрите: Одби понуда од 45 милиони евра

Аталанта не ги продава најдобрите: Одби понуда од 45 милиони евра

Доби можност Аталанта да заработ трипати повеќе за холандскиот фудбалер Компајнерс, но од Бергамо ставија до знаење дека фудбалерот не е за продавање.

Холанѓанецот кој има 25 години се поврзуваше со Милан, Јувентус и Интер, меѓутоа најсериозен беше Наполи кој испрати официјална понуда.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Понудата на актуелниот шампион изнесувала 45 милиони евра, меѓутоа тоа не било доволно за раководството на Аталанта да се откаже од услугите на Копмајнерс.

„Во Бергамо бев минатата недела. Наполи испрати официјална понуда од 45 милиони евра, но Аталанта ја одби. Кажаа дека Копмајнерс не е на продажба“, изјавил агентот Барт Бавинг.

За Копмајнерс Аталанта плати 14 милиони евра летото во 2021 година на АЗ Алкмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…