Дома Фудбал Еден од најголемите шпански таленти на 22 години ja избра Саудиска Арабија

Еден од најголемите шпански таленти на 22 години ja избра Саудиска Арабија

ГАБРИ ВЕИГА (21) е еден од најдобрите млади шпански фудбалери. Фудбалерот од средниот ред на Селта во последниве месеци наголемо се поврзуваше со Реал Мадрид и Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На почетокот на пролетта се чинеше дека Реал ќе го откупи и ќе го остави во Селта на позајмица, но договор не беше постигнат.

Наполи цело лето преговараше со Селта и играчот, но трансферот не се реализираше ниту таму.

Наполи се откажа од Веига во петокот бидејќи Селта ги промени условите на трансферот, а потоа во приказната влезе и Саудиски Ал Ахли, кој ѝ го понуди на Селта тоа што го бараше.

Фабрицио Романо пишува дека зделките се воделе во тајност и не се познати конкретни бројки за овој изненадувачки трансфер.

Според Трансфермаркт, Веига вреди 30 милиони евра, а во Ла Лига на 50 натпревари постигна 11 гола и четири пати асистираше.

Има девет настапи за У-21 репрезентацијата на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феран Торес веднаш по финалето доби доказ колку еден гол може сè да промени

Феран Торес стана херој на Шпанија откако постигна гол во финалето на Светското првенство …