Дома Останати Тенис Ѓоковиќ во еден од најдобрите мечеви досега го победи Алкараз на Мастерсот во Синсинати

Ѓоковиќ во еден од најдобрите мечеви досега го победи Алкараз на Мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ го освои Мастерс турнирот во Синсинати, САД, откако го совлада првиот светски рекет Карлос Алкараз од Шпанија со 2:1 во сетови 5:7, 7:6 (7) и 7:6 (4).

Три часа и 50 минути траеше спектакуларното финале во кое уживаше публиката на трибините и секако фановите ширум светот. Ова беше најдолгиот меч во историјата на турнирот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Иако имаше здравствени проблеми, најдобриот српски тенисер покажа неверојатна психичка и физичка сила и откако го загуби првиот сет и многу неблагодарна ситуација во вториот, конечно успеа да ја сврти ситуацијата во своја полза и да освои нова титула, вкупно негова 39 мастерститула во кариерата.

По овој триумф Ѓоковиќ ја намали разликата на АТП-листата на само 20 поени, па по УС Опен речиси сигурно повторно ќе биде број 1, бидејќи сегашниот најголем ривал брани 2.000, а тој ниту еден поен.

Ѓоковиќ е осамен на третото место на листата на тенисери со најмногу победи, со 1,069. Пред него се само Џими Конорс со 1,274 и Рожер Федерер со 1,251, но никој нема негов процент на успех – 83,5 отсто, бидејќи загуби само 211 пати.

Втор на таа листа е Рафаел Надал со резултат 1.068:220, т.е. 82,9 отсто.

Алкараз минатата година го доби првиот меч во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, Ноле се реваншираше во истата фаза на „Ролан Гарос“, па го загуби финалето на „Вимблдон“, а сега повторно израмни.

Двајцата се фаворити во пресрет на „УС Опен“, кој започнува на 28 август. Шпанецот го брани тронот, Ноле се враќа откако минатата година не му беше дозволен влез во САД, бидејќи не беше вакциниран против коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …