Манчестер Сити денес игра со Њукасл, а пред овој натпревар зборуваше тренерот Пеп Гвардиола кој еден дел посвети и на засилувањата.
Гвардиола зборуваше за високите цени кои го плаќа Челзи, па наведе неколку фудбалери од кои Сити во минатото се откажал затоа што цените биле превисоки. Најмногу внимание од споменатите секако привлече Хари Мегваер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако ние потрошевме толку пари во последните два преодни рока, веројатно немаше да стојам овде пред вас – ќе ме убиевте. Дефинитивно сите ќе зборуваа и критикуваа, со Челзи тоа не е баш така.
„Ќе видиме што ќе се случи до крајот на преодниот рок и дали ќе се отвори прилика да доведеме уште некој играч. Во 2019 година сакавме да го доведеме Хари Мегваер, но не го направивме тоа бидејќи не сакавме да платиме колку што бараше неговиот тим.
Минатото лето го сакавме и Кукуреља, но повторно имаше тим кој плати пвоеќе од нас. Така беше и со Алексис Санчез во 2018. година. Ќе платиме висока цена само ако сметаме дека е фер…“, изјави Пеп.