Дома Македонски спорт Мак фудбал Со Бајевски и Грнчаров заминал и стручниот штаб: Хаџиевски и Бабунски ќе го водат Вардар

Со Бајевски и Грнчаров заминал и стручниот штаб: Хаџиевски и Бабунски ќе го водат Вардар

Oткако вчера преку социјалните мрежи оставката ја потврди спортскиот директор на Вардар, Александар Бајевски, денес клубот потврди и оставки на уште неколкумина.

Клубот го напуштаат тренерот Бобан Грнчаров, како и членовите на стручниот штаб Орхан Абди, Игор Тасевски и Стево Митревски. Вардар во утрешниот натпревар ќе го водат Ѓоко Хаџиевски и Бобан Бабунски.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ја известуваме целокупната јавност дека тренерот на екипата Бобан Грнчаров, спортскиот директор Александар Бајевски, заедно со членовите на стручниот штаб Орхан Абди, Игор Тасевски и Стево Митревски поднесоа оставки на функциите и повеќе не се дел од ФК Вардар.

Би сакале во името на клубот, да се заблагодариме за професионализмот, енергијата и трудот кои  во текот на двете години ги вложивте во клубот и затоа што покажавте колку е важно да се биде онаму каде што се брани “црвено-црното.”

Екипата денес, по планот заминува во карантин, каде што под водство на Вардаровата легенда Ѓоко Хаџиевски и координаторот на младинската школа Бобан Бабунски, ќе ги одработи последните подготовки пред натпреварот против Воска. Во името на клубот им се заблагодаруваме поради тоа што веднаш ја прифатија понудата и се ангажираа да го водат клубот на овој важен натпревар.

Јасно напоменуваме дека ова е само преодно решение. Клубот уште вчера започна преговори со потенцијалната замена на позицијата тренер и засега можеме да кажеме дека истите течат добро. Во најбрз можен временски рок, официјално ќе го соопштиме името на новиот тренер за кој сметаме дека достојно и чесно ќе ја води екипата во понатамошниот период.

Голем е Вардар, многу поголем од сите нас и затоа веруваме дека заедно со поддршката на нашите навивачи, ќе успееме пред се, да извојуваме победа во недела а потоа секако и да ја одржиме здравата и позитивна атмосфера во клубот“, соопшти Вардар.

Воска и Вардар играат во Охрид на стадионот „Билијанини Извори“ утре во терминот од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…