Дома Фудбал Останато Деко го враќа Бојан Кркиќ во Барселона

Деко го враќа Бојан Кркиќ во Барселона

Доаѓањето на Дек на местото на Матео Алемани, заедно со непродолжувањето на договорот на Жорди Кројф по негова одлука, ќе предизвика промени во целата спортска структура на Барселона.

Деко сега е спортски директор и има апсолутна контрола врз одделот кој досега го имаше Алемани и назначува луѓе за кои верува дека покрај него ќе почнат да прават добри работи за Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Еден од нив ќе биде Бојан Кркиќ. Поранешниот играч на Барселона ќе работи рамо до рамо со Деко. Неговата главна мисија ќе биде да ги следи тренинзите на играчите и да биде еден вид врска помеѓу тимот и раководството

Кркиќ своевремено во минатото го носеше дресот на Барселона, но никогаш не ги исполни големите очекувања кои ги имаше фудбалската јавност од него, а настапуваше и во познатата „Ла Масија“.

Поранешниот фудбалер ќе има задача и да ги следи фудбалерите на Барселона кои се на позајмица и на оние од помладите категории кои можат да добијат место во првиот тим.

Кркиќ играше за Барселона од 2007 до 2011 година и постигна 26 гола на 104 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Црвениот дел од Ливерпул на нозе: Фановите со спектакл го испратија Клоп

Ливерпул во последното коло го пречекува Вулверхемптон, натпревар кој нема резултатско зна…