Македонскиот шампион Струга Трим Лум ќе биде без услугите на Хакан Укпа во утрешниот реванш против тимот на Есперанж.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нигериецот не добил виза од германските власти и останува во Скопје во исчекување нешто да се промени во последен момент, но се повеќе извесно е дека Струга без него ќе мора да ја брани предноста од 3:1 од Скопје.
Летово проблем со добивање имаше и Валид Хамиди кој не можеше да патува на дуелот на Шкупи во Литванија против Хегелман, во меѓувреме тој го промени клубот и потпиша за Балкани од Косово.
Aко Струга ја потврди победата од 3:1 од првиот дуел во плеј-офот за место во Конференциската лига најверојатно ќе игра со Брејдаблик кој во првиот натпревар изгуби од Зрињски со 2:6.