Oткако го промовираше Аргентинецот, Леандро Паредес, Рома го потврди трансферот и на Ренато Санчез.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Санчез во Рома пристигнува на позајмица од една година, а римскиот клуб ќе има опција да го откупи неговиот договор. За позајмицата на Ренато, Рома ќе исплати сума од еден милиони евра, доколку сака да го откупи ќе треба да плати 15 милиони евра.
Во договорот на Санчез има и клазула според која ако Санчез одигра 60% од натпреварите откупот станува обврска.
„Среќен сум што ќе играм за Рома, доаѓам во голем клуб со одличен проект. Верувам дека го избрав идеалниот клуб за мене. За секој фудбалер е важно да ја почувствува поддршката од навивачите, па така е и за мене. Од првиот ден сфатив дека многу од фановите го сакаат тимот и тоа само ме мотивира да се покажам во најдобро светло“, изјави Санчез.